19 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Nokia ќе најави нов смартфон на 5 декември!

Најчитани вести

HMD Global најави дека на 5-ти декември планира да претстави нов Nokia уред. Компанијата не сподели за кој точно смартфон станува збор, но најверојатно ќе биде Nokia 8.2. Минатата година на 5-ти декември беше најавен Nokia 8.1, па една година подоцна го очекуваме неговиот следбеник. 

Во внатрешноста на Nokia 8.2 ќе се наоѓа процесор од Snapdragon 700 серијата, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. На предниот дел ќе има LCD дисплеј без рамки и селфи камера на лизгање. На задниот дел ќе има кружен систем, а главната камера ќе биде од 64 мегапиксели. 5G верзија од уредот ќе пристигне во февруари, за време на MWC 2020 настанот.

Доколку Nokia 8.2 не се појави следниот месец, тогаш можеби место него ќе се запознаеме со буџетскиот Nokia 2.3 или пак со црвена верзија од Nokia 7.2. До 5-ти декември, плановите на Nokia ќе останат мистерија./gsm.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com