Home » Ноември месец оваа година ќе биде значително постуден и посув за разлика од изминатите неколку години!

Ноември месец оваа година ќе биде значително постуден и посув за разлика од изминатите неколку години!

by Журнал.мк

Судејќи барем според моменталните долгорочни анализи и изгледи на времето за Ноември месец, во кои секако голема е веројатноста да има промени во истата, поради што станува збор за доста долг период, укажуваат на тоа дека Ноември оваа година ќе биде постуден и посув за разлика од изминатите неколку години.

Во поголем дел од месец Ноември очекуваме потпросечни температури на воздухот, особено во првата половина од месецот. Врнежите како што претходно кажав ќе бидат значително потпросечни, што значи не очекува доста сушно и студено време, особено во утринските часови кога очекуваме во многу делови од Балканот и во Македонија и појава на мраз, кој во делови од Балканот и Македонија ќе биде поизразен.

Во првата половина од месец Ноември можни се утрински температури дури и до околу -10 степени, а дневните на многу места би биде околу, па дури и под 10 степени, што значи очекуваме особено постудено време и преку ден, за разлика од она кое го имаме сега, кога имаме далеку попријатни температури на воздухот.

Се на се, зимата првиот свој посилен удар ќе ни го приреди многу наскоро, уште од почетокот на месец Ноември.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk