Рано утрово жителите на главниот град на Индија, Њу Делхи, се разбудија опкружени со густ слој смог што ја отежнува видливоста и го загадува воздухот, јавува Анадолу.
Градот повторно се соочува со екстремно загадување, а луѓето со чамци по реката Јамуна го искористија моментот да ги нахранат галебите што летаа низ густата магла.
Падот на температурите, слабите ветришта, правот, чадот од возилата и горењето на остатоците од жетвите се главни причини за токсичниот воздух што ги загадува северните делови и главниот град на Индија од октомври до јануари секоја година.
Оваа појава, која се повторува секоја есен и зима, претставува огромен проблем за здравјето на жителите.
Нивото на загадување на воздухот веќе достигна опасни граници, принудувајќи ги луѓето да носат маски или да останат во затворени простории.