Home » Нивото на водата во Охридското Езеро 31 сантиметар под просекот за април

Нивото на водата во Охридското Езеро 31 сантиметар под просекот за април

by Журнал.мк

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,26 метри надморска височина. Водостојот денеска е 31 сантиметар под просекот за април или 16 сантиметри над дозволениот минумум.

Деновиве во регионот временските прилики се променливи со врнежни од дожд, што ќе придонесе за подобрување на водостојот во езерото. Дождот изминатите денови придонесе нивото на езерото да се подигне за седум сантиметри, но сепак тоа е далеку пониско од просекот за овој период од годината.

На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.

Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk