Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е далеку под просекот за овој период од годината, а состојбата е дополнитено загрижувачка што се доближува до минимално дозволената кота, пренесува Охрид прес.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,13 м.н.в, што е за 16 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в), 4 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.) и само 3 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).