Home » Нивото на Охридското езеро на критично ниво – експертите загрижени, надлежните смируваат

Нивото на Охридското езеро на критично ниво – експертите загрижени, надлежните смируваат

by Журнал.мк

Нивото на Охридското езеро се спушти под природниот минимум од 693,17 м.н.в. и продолжува да опаѓа.Според последните мерења, нивото денеска изнесува 693.12 м.н.в што е на само на 2 сантиметри до минимално дозволената кота. Големи површини од езерското дно остануваат суви, предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови. Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.

“Крајно време е да почнеме да ги градиме тие акумулациски хидроцентрали дали ќе бидат тие под Црна река т.н проект Чебрен со 4 или 5 каскадни централи, но исто и вардарска долина стои како иден елемент за решавање каде што со изградба на брани водата што тече се користи како проточна и произведува електрична енергија.За сето тоа треба ниет и нормално треба пари” -вели проф. Константин Димитров

Наметнатите осцилации на езерото се опасни, проблем со кој се соочуваме долги години наназад. Никаде во светот природните езера не се користат за производство на електрична енергија -алармираат експертите, посочувајќи дека не се празни само Охридско и Песпанско, туку и вештачките езера како Мавровското.

“Kај нас треба соодветно да се реагира и да се заштитат водните ресурси затоа што како што гледате ние имаме посебно за Охридското езеро голем интерес во однос на туризмот и не би смееле да дозволиме таква флуктуација во однос на водените ресурси на Охридското езеро “ вели професор Вангел Фуштиќ

Не смее Охридско езеро од природен резерват да го претвораме во акумулационен базен, децидни се нашите соговорници.

Од Електрани на Македонија пак уверуваат дека ја одржуваат котата на просечно ниво.

„Водиме сметка за минималната кота која изнесува 693.10 м.н.в и нема да дозволиме таа да се надмине. Токму поради сушниот период, подолго време, испустот на вода од Охридско Езеро на вливот на реката Црн Дрим е на ниско ниво. Во моментов, од испустот истекуваат само 3 кубни метри во секунда, што е количина исклучиво за обезбедување на потребниот биолошки минимум“, велат од ЕСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk