Home » „Ниту пешки ниту со автомобил по улиците на Визбегово“ – Децата носат пластични кеси врз обувките

„Ниту пешки ниту со автомобил по улиците на Визбегово“ – Децата носат пластични кеси врз обувките

by Журнал

Вака изгледаат неколку улици од населбата Визбегово. Доволно е еден ден да врне а не пак со недели, и децата мораат да носат чизми или да облекуваат пластични кеси врз обувките за да се заштитат од калта.

Мумин Имишти, жител од оваа населба вели дека жителите мораат секој месец да ги поправаат своите автомобили кои им ги уништуваат улиците.

„Всушност нас не лажат. Не доаѓаат да ја направат улицата. Овде подолу има дупки, таму горе се собира вода а жените и децата мораат да облечат чизми за да преминат преку водата или преку пругата децата си го загрозуваат животот за да излезат да одат на улица“, вели Мумин Имишти.

„Улицата е за никаде, децата мораме да ги праќаме секој ден на училиште. Кога врне редовно има кал. Никој не се интересира. Ако викнеме такси, не доаѓаат до горе, треба да ги симнеме до долу, и им врзуваме кеса на чевлите бидејќи се валкаат со кал до колена“, вели Нурхане Бафтиу.

„Ние живееме овде во Визбегово. Децата кога одат на училиште се прават цели со кал. Секојдневно ни пукаат цевките за вода. Да дојдете и да видите што се прави овде во Визбегово. Оваа уличка се поврзува со таа другата, децата се прават со кал. Кеси им облекуваме врз чевлите за да можат да отидат до училиште“, вели Шефки Емини.

Тасим Синани: Никој не дошол, дојдоа 2-3 пати, но ништо не направија.

-Тешко ви е да поминете?

-Многу тешко, бидејќи врне и се со создава многу кал, нема од каде да поминеме, ниту доаѓаат да видат ниту да средат, децата така низ кал одат до училиште.

ТВ21 се обрати до градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Тој вели дека во првиот квартал од оваа година ќе се санираат улиците кои се најоштетени.

„Изготвен е основен проект, завршена е тендерската постапка за ул. 1 во Визбегово во должина од 650 метри, улицата која што води до новото основно училиште, која што ќе се реализира во првото тромесечје од 2024. Исто така ќе отпочне со изработка проектната документација за реконструкција на Стариот Качанички пат и за уште некои улици кои што се најоштетени. За брзо ќе се санираат и сите ударни дупки“, вели Дарко Костовски.

Прашавме и во претпријатието за водовод и канализација, за пукањето цевки, но од таму не добивме одговор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk