Home » Ниту мува не прелетува: Полициски час во Либан

Ниту мува не прелетува: Полициски час во Либан

by Журнал.мк

Израелската армија воведе полициски час за жителите на јужен Либан во областа јужно од реката Литани каде што се уште се присутни израелските сили, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот ги предупреди жителите да не одат во областа јужно од реката Литани меѓу 17 и 7 часот по локално време.

Примирјето меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила утрово во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби што започнаа откако палестинската милитантна група Хамас го нападна јужниот дел на Израел во октомври минатата година.

Како што примирјето влезе во фаза на спроведување, портпаролот на израелската војска Авихај Адре ги предупреди либанските цивили да не се враќаат во нивните села во јужен Либан и ги повика да ги избегнуваат областите претходно евакуирани од израелската армија.

Договорот за прекин на огнот, кој израелскиот кабинет за национална безбедност го одобри синоќа со 10 гласови против, предвидува 60-дневен преоден период во кој израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги повлечат трупите од јужен Либан, додека либанската армија ќе распореди околу 5.000 војници јужно од реката Литани, вклучително и 33 пункта долж границата со Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk