5.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Nissan Qashqai се збогува од дизел моторите

Најчитани вести

Nissan ќе се откаже од понудата на дизел мотори во новата генерација на Qashqai и ќе се насочи кон електрификација како дел од својата европска стратегија..

Заедно со бензинските мотори, Nissan ќе ја нуди својата трета генерација од Qashqai, која ќе биде претставена во септември идната година, со e-Power варијантатасерискиот хибриден погон,  популарен во Јапонија, а што дозволува автомобилот да функционира како електрично возило, бидејќи неговиот мотор на согорување се користи само за полнење на батеријата.

Qashqai исто така би можел да понуди и plug-in хибридна опција користејќи го системот на партнерот од Renault-Nissan алијансата Mitsubishi.

За разлика од ривалите, Mitsubishi веќе успеа да го подеси својот Outlander PHEV да емитува 50g/km јаглерод диоксид според строгиот режим на тестирање на WLTP . Се очекува новиот Qashqai да понуди слични бројки.

Од Nissan исто така потврдија дека нема да има целосно електрична верзија на новиот Qashqai. Таков погон  ќе биде резервиран за посебен SUV модел базиран на целосно нова платформа. Истиот веројатно ќе биде поддржано од целото семејство на електрични автомобили кои ги опфаќаат B, C и D сегментите на Nissan и нивните партнери од алијансата со Renault и Mitsubishi.

Во Nissan се откажуваат од дизел моторите поради намалувањето на побарувачката на овој вид на погон во Европа на 30% од 45 %, колку што изнесуваше во 2017 годинапокажуваат податоците на индустриската асоцијација ACEA. Уделот на Nissan е исто така сега околу 30% проценти, што е намалување од 47%  од пред две години, според JATO Dynamics.

Претседателот на Nissan во Европа, Џанлука де Фичи, посакува 40 % одели до 2022 година, а  цел е да се обезбееди избегнување на казните на ЕУ за производителите кои не ги исполнуваат се построгите регулативи за емисија на гасови што стапуваат на сила од следната година.

Но Nissan и ризикува со повлекувањето на понудата на дизел мотори во Qashqai, бидејќи тој модел  е во сегмент кој има најголем број на продажба на дизели во текот на изминатите 10 месеци, и каде моделите на овој погон учествуваат со 44% од вкупната продажба, според податоците на JATO.

Префрлањето на бензинските варијанти ќе биде тешко за купувачите во SUV сегментот, бидејќи тие не се толку ефикасни, а тоа резултира со поголема сметка за гориво., но како и да е Nissan кога ќе се откаже од понудата на дизели ќе им се приклучи на Toyota и Honda, кои веќе не нудат дизел опции за RAV4 и CR-V.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com