Nissan вели дека веќе во 2026 година ќе ги изедначи цените на своите хибриди и модели со мотори со внатрешно согорување.
Тоа е дел од новиот пристап X-in-1 на Nissan за делење компоненти помеѓу електричните и хибридните модели e-Power. Тие велат дека овој пристап ќе ги намали трошоците за развој и производство за 30% до 2026 година во однос на 2019 година.
Покрај изедначувањето на цената на хибридите, од Nissan очекуваат дека со овој пристап ќе ги намалат цените на електричните модели, доволно за да се изедначат со моделите со мотори со внатрешно согорување. А тоа, според Nissan, ќе се случи веќе во 2030 година.
Новиот пристап, исто така, има за цел да ја намали употребата на ретки суровини на 1%, како и големината и тежината на погонските системи. Исто така, бучавата и вибрациите на погонот ќе бидат минимизирани.
Nissan развива два посебни погонски системи. За електричните возила се работи на модул 3-во-1, кој ги интегрира моторот, редукторот и инверторот во едно куќиште. За e-power хибридите, обезбеден е модул 5-во-1, кој вклучува дополнителни компоненти.
И додека на електричниот погон редукторот служи за намалување на вртежите на електричниот мотор до брзината на ротација на погонот, кај хибридите се користи менувач што му овозможува на бензинскиот мотор да го запали генераторот за да ја врши работата со поголем број вртежи.