Home » „Nissan“ ги остави Европејците без „GT-R“

„Nissan“ ги остави Европејците без „GT-R“

by Журнал.мк

Јапонската компанија „Nissan“ одлучи да го повлече моделот „GT-R“ од европскиот пазар поради построгите еколошки стандарди, пренесува „Autoblog“, повикувајќи се на претставник на марката.

Според информациите, спортскиот автомобил повеќе не е достапен во Холандија, Италија, Шпанија и низа други европски земји, но сѐ уште има негови единици во Германија и Белгија. Пред да биде повлечен од пазарот, „GT-R“ беше и најскапиот модел во европската гама на „Nissan“, со цени до 300.000 евра, во зависност од модификацијата.

Уште во есента 2021-ва година, „Nissan“ објави дека бара начини да го зачува иконскиот модел, но поради новите, построги еколошки стандарди, не е исплатливо да се продава „GT-R“ во Европа. Компанијата бара решение за проблемот, бидејќи една од опциите е следната генерација на моделот да биде делумно или целосно електрифицирана, откри шефот на јапонскиот производител Макото Учида.

Европската канцеларија на „Nissan“ потврди дека „GT-R“ го напушта пазарот „барем засега“. Сепак, суперавтомобилот ќе продолжи да биде достапен во САД, а неговата сегашна верзија – моделската 2021-ва година е многу поевтина од опцијата за Европа. Цените за автомобилот започнуваат од 113.540 долари, а за верзијата „GT-R Nismo“ од 210.740 долари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More