-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Nissan во офанзива: До 2030 година ќе лансира 23 електрифицирани модели, 15 целосно електрични

Најчитани вести

Nissan ќе ги забрза плановите за електрификација на гамата и до 2030 година, како дел од долгорочната визија „Ambition 2030“, планира да лансира 23 нови електрифицирани модели, од кои 15 се целосно електрични.

А како ќе изгледа иднината на Nissan „под напон“ откриваат четири интересни електрични концепти. Попатно, јапонската компанија планира до 2050 година да стане бренд исклучиво со јаглеродни неутрални модели.

Во следните пет години, Nissan ќе инвестира 2 трилиони јени (7.800.000.000 евра) за да ја забрза електрификацијата на опсегот и стапката на технолошки иновации.

Во следните пет години ќе бидат претставени дури 20 нови електрифицирани EV и e-Power модели, а до 2026 година Nissan очекува 75 отсто од продажбата во Европа да бидат електрифицирани модели. Во Јапонија целта е 55 отсто од продажбата, а во Кина повеќе од 40 отсто. Што се однесува до Соединетите Американски Држави, Nissan цели 40 отсто електрични модели до 2030 година.

„Улогата на компаниите во справувањето со општествените потреби расте“, вели извршниот директор на Nissan, Макото Учида. „Со планот Nissan Ambition 2030, ќе поттикнеме нова ера на електрификација, ќе ги унапредиме технологиите за намалување на јаглеродниот отпечаток и ќе следиме нови деловни можности. Сакаме да го трансформираме Nissan во одржлива компанија која на клиентите и на општеството навистина им е потребна“.

За да ја реализира својата визија, Nissan ќе продолжи да ги подобрува своите тековни технологии за литиум-јонски батерии и да воведува технологија без кобалт за да ги намали трошоците за батериите за 65 проценти до 2028 година.

До 2028 година се планира лансирање и на електричен модел со т.н полупроводнички батерии кои ќе доаѓаат од фабриката во Јокохама веќе во 2024 година. Nissan очекува да ја намали цената на „батериите во цврста состојба“ на 75 долари за kWh до 2028 година и има за цел да постигне паритет на трошоците со бензинскиот модел по цена од 65 долари за kWh во иднина.

Nissan, исто така, има намера да го зголеми својот глобален капацитет за производство на батерии на 52 GWh до 2026 година и 130 GWh до 2030 година.

За време на презентацијата на планот „Ambition 2030“, компанијата претстави четири електрични концепти: Nissan Chill-Out, Nissan Max-Out, Nissan Surf-Out и Nissan Hang-Out. Првиот има облик на елегантен концепт кој ја користи платформата CMF-EV на Nissan во комбинација од сребрена и црна боја. Nissan Max-Out е кабриолет концепт со две седишта дизајниран да „обезбеди ново искуство во возењето благодарение на супериорната стабилност и удобност“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com