13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Nintendo Switch Pro ќе има OLED екран и 4K поддршка

Најчитани вести

Добро познатиот и реномиран хакер на конзоли SciresM, наводно излезе со податоци и интересни детали во врска со конзолата на Nintendo со кодно име Aula. Оваа конзола, за која се сугерира дека е Nintendo Switch Pro, наводно користи сличен чипсет како сегашниот Switch, кој се базира на чипот Tegra X1.

Според информациите, овој нов чипсет нуди целокупно подобро ладење и траење на батеријата, што потенцијално овозможува повеќе вкупни работни работни тактови.

Покрај тоа, конзолата може да има надграден dock, кој за разлика од сегашниот Switch, би можел да има сопствен чип, што на конзолата би и овозможило многу подобри перформанси кога уфрлена во dock-от, а би нудела и 4K поддршка.

Рачната конзола би требало да добие и надграден дисплеј, иако не е спомената конкретната резолуција (сегашниот Switch има 720p дисплеј). Без оглед на резолуцијата, ќе се користи OLED дисплеј, за разлика од LED екранот на актуелниот модел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести