Популарната поп-пејачка на пресот дојде со новата куса фризура, која ја прави за десетина години помлада, одлично расположена, а од своето негувано лице не ја симнуваше насмевката. Навистина трпелива, на секој естраден новинар му излезе во пресрет. Беше видливо љубезна. Секоја чест за Нина-фина (како што нагалено ја ословуваат)! А, цврсто се надеваме дека таков впечаток ќе го остави и на публиката во „Mакедонска филхармонија“. Освен што ќе пее, Нина пред сите вети дека од нејзината страна ќе направи и имитации на драгите естрадни колешки: Тереза Кесовија, Северина, Јосипа Лисац, Јелена Розга… бидејќи го поседува талентот за имитирање!
„Такве као ти мама зна најбоље…..а, баш она ми је причала, чувај се Нина мангупа, тај нема срце човека…“ се стиховите од многу слушаната забавна поп-песна во интерпретација на популарната Нина Бадриќ, кои на големо задоволство на нашата публика ќе се разлеат во „Македонска филхармонија“ на 27 октомври. Токму на тој датум е закажан голем солистички концерт на Нина во Скопје во организација на „Евентум“.
–
Па, доколку коцкичките се сложат, ќе има и втор концерт, како што се надева самата пејачка која по тој повод деновиве престојуваше во Скопје. Се сретна со седмата сила, со македонските естрадни новинари кои феноменално ја пречекаа, во амбиентот на хотелот „Панорамика“ на скопско Водно.
Водителката на прес-конференцијата беше секогаш добро подготвена и комуникативна Ирена Спировска. Таа истакна дека овој скопски концерт ќе биде можност преку песните Нина на сите да ни ги пренесе своите човечки емоции по кои е позната, така што оние кои ќе бидат присутни на концерт во еден убав простор каков што е „Македонска филхармојија“ ќе им се препуштат на магичните рефрени на песните:„Рекао си“, „Памтим“, „Дани и године“, „Чаробно јутро“, „Буди ту“, „Ако кажеш да ме не волиш“, „Остављам ти све“…но, воедно премиерно ќе пее и некои нови песни, од новиот албум.
–
Нина Бадриќ на пресот дојде со новата куса фризура, која ја прави за десетина години помлада, одлично расположена, а од своето негувано лице не ја симнуваше насмевката. Таквата позитивна енергија им ја пренесе и на новинарите кои не се стеснуваа да ја прашуваат и за работите од нејзиниот приватен живот. Навистина трпелива, на секој естраден новинар му излезе во пресрет, освен што се сликаше со сите, таа беше и видливо љубезна. Секоја чест за Нина (фина)! Остави феноменален впечаток.
–
Цврсто се надеваме дека таков впечаток ќе го остави и на публиката на 27 октомври. Освен што ќе пее, Нина вети дека од нејзината страна ќе направи и имитации на драгите естрадни колешки: Тереза Кесовија, Северина, Јосипа Лисац, Јелена Розга….. бидејќи го поседува талентот за имитарање на други луѓе што го смета за врвна уметност.
Секако дека Нина ќе не потсети и на старата македонска песна “Не кажувај либе добра ноќ“, која таа ја обработи во модерна забавна верзија пред неколку години заедно со нашите браќа Тавитијан.
Во нејзината интерпретација македонскиот фолк-евергрин се најде и на успешниот албум „Македонското срце чука во 7/8“.
–
–
-Без оглед на тоа што неколку пати сум била во Скопје, секогаш сакав да направам голем солистички концерт. И ете го сега ќе биде. Среќна сум поради тоа, бидејќи знам дека имам своја публика во Македонија. Се надевам дека салата ќе биде распродадена, тоа мене ме прави радосна. Знам дека тоа ќе биде вечер со многу љубов, славење на животот, по некоја солза…. А, на новинарите топло ви благодарам што одвоивте време да дојдете на овој прес, дури и вака преку викенд, кога веројатно би биле со своите дома, истакна фина Нина.