Home » Нинџа преку ден на слобода, навечер преспива во затворот ,,Шутка”

Нинџа преку ден на слобода, навечер преспива во затворот ,,Шутка”

by Журнал.мк

Александар Василевски Нинџа, е вториот од осудените за ,,27 април”, кој наскоро ќе излезе од затвор, бидејќи му истекува затворската казна. Тој затворот треба да го напушти во јуни 2025 година, но може да излезе и неколку месеци порано, доколку добие условен отпуст.

Но Нинџа и сега поголемиот дел од денот го минува на слобода. Тој затворската казна ја издржува во отвореното одделение на истражниот затвор ,,Скопје”, што значи дека наутро излегува и оди на работа, а навечер се враќа и преспива во ,,Шутка”. Според информациите на ,,Фокус” тој е работно ангажиран во фирма.

Василевски првично беше осуден на осум години затворска казна, иако за делото за кое се товареше минималната предвидена казна е десет години. Апелација потоа му ја намали казната на седум години.

Тој беше клучен сведок во судењето за упадот на 27 април во Собрание, а опозицијата обвинуваше дека целото обвинение се темели на неговиот исказ.

На судењето за 27 април тој тврдеше бил човек на тајната полиција, донесен од Горан Грујевски и Никола Бошкоски, иако никогаш не бил вработен во службите.

Минатата година од затвор излезе и Абдуљфета Алими, кој беше помилуван од претседателот Стево Пендаровски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More