Home » Николовски: СДСМ ја загарантира откупната цена на грозјето, извозот надмина 60 милиони евра

Николовски: СДСМ ја загарантира откупната цена на грозјето, извозот надмина 60 милиони евра

by Журнал.мк

Во чест на празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винариите, Љупчо Николовски ја истакна посветеноста на СДСМ кон развојот на лозарството и винарството во Македонија. Николовски, поранешниот министер за земјоделство, ги презентираше достигнувањата на партијата во овој сектор, со акцент на резултатите кои значително го подигнале статусот на македонските лозари и винари.

Клучна промена што ја воведе СДСМ е новиот Закон за вино, кој ја гарантира откупната цена на македонското грозје и го заштитува трудот на лозарите. Денес, благодарение на ова, извозот на македонското вино надмина 60 милиони евра и се извезува во над 40 земји ширум светот.

Николовски истакна дека бројот на семејни винарии постојано расте, благодарение на доделените над 150 грантови од по 10 илјади евра за модернизација на малите семејни винарии.

Овие вински традиции сега се раширени низ целата држава, не само во Тиквешијата, што дополнително ја зајакнува македонската економија.

Воведувањето авансна поддршка на субвенциите и зелената нафта за лозарите се исто така значајни чекори на СДСМ, кои го олеснија работењето на лозарите.

Според Николовски, поддршката на мали, средни и големи винарии во нивните настапи на светските пазари дополнително го зацврсти брендот „македонско вино“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk