Home » Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции

Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции

by Журнал.мк

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk