Home » Николовски избран за потпретседател на групата на Европска народна партија во ПС на Совет на Европа

Николовски избран за потпретседател на групата на Европска народна партија во ПС на Совет на Европа

by Журнал.мк

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ е избрн на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа која почна денеска и ќе трае до 28 јануари.

Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

„Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото“, се наведува во соопштнието на партијата..
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk