Home » Николовски: Евтината струја е резултат на инвестициите во обновливи извори на енергија

Николовски: Евтината струја е резултат на инвестициите во обновливи извори на енергија

by Журнал

Цената на струјата започнува со намалување во првиот блок за 5 отсто како и во вториот блок, а се враќа и дневната евтина тарифа. Овие мерки се преземаат за да се заштити стандардот на граѓаните во текот на зеимата кога трошоците се поголеми, вели директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Ако минатата зима ја минавме во светска енергетска криза, сега дојдовме до момент да ја вратиме и дневната тарифа. Има коментари за терминот кога трае таа евтина тарифа од 13 до 15 часот, но останува и вечерната тарифа од 22 часот и целодневната евтина тарифа во недела. За тоа најголем удел имаат инвестициите во обновливата енергија. Сегашната дневна евтина тарифа најмногу ќе ја користат пензионерите кои се загозена категорија, вели Николовски.

Николовски вели дека во сметката за домаќинствата е додадена потставка пристап до мрежа. Ова е направено за да има фер пристап до сите со тоа што оние кои имаат еден стан или куќа сметката ќе се намали.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More