Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Тема на денот“ на телевизија Сител, изјави дека Владата е стабилна и дека не постои простор за никаква соработка со ДУИ, било формална или неформална. Тој нагласи дека премиерот Мицкоски има јасна визија за насоката во која треба да се движи државата, со фокус на борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои, според него, биле најмногу поврзани со ДУИ. Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ЗНАМ имаат стабилно парламентарно мнозинство од 66-67 пратеници.
Николоски: Владата е стабилна, нема простор за соработка со ДУИ
47