Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово. Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.
Тој на својот профил објави:
„Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта.
Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење”.
https://www.facebook.com/watch/?v=891913865699789