Home » Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

by Журнал.мк

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави вицепремиерот Николоски.

-Се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и се надевам дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите, рече Николоски.

Николоски на новите корисници на становите им посака среќа и убави моменти во новите домови.

-Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје, истакна вицепремиерот Николоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk