Home » Николоски: Целта била пропаѓање на Македонски пошти со отворање на приватни пошти

Николоски: Целта била пропаѓање на Македонски пошти со отворање на приватни пошти

by Журнал.мк

Државниот завод за ревизија и Обвинителството да ја проверат работата на Агенцијата за пошти и нивното доделување лиценци на приватни пошти, повика министерот за транспорт Александар Николовски, коментирајќи го вчерашниот ревизорски извештај за работата на Македонска пошта.

Според него, таа институција работела се освен она што и е основна задача – да биде регулаторно тело за работата на македонските компании кои нудат поштенски услуги. Николовски тврди дека на терен има такви компании кои, како што вели, буквално работат од подрум.

-И дај боже на претходната власт намерата да и била приватизација на Македонска пошта, иако јас не се согласувам со тоа, но нивната цел не била ни приватизација туку пропаѓање на Македонски пошти со отворање на приватни пошти – изјави Николовски.

Ревизорите утврдија дека Македонска пошта е загубар со милионски долгови, ама директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата.

-Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции предвидени со менаџерскиот договор може да се намалат – се вели во извештајот за работата на Поштата во 2023.

Од 2017 година, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Според ревизорите, загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.

Дополнително, Николовски изјави дека зградата на Македонска пошта што настрада во пожар во 2013 година, според плановите на претходната власт, требало да биде дадена на користење на ресторан со кабаре.

-Знаете дека централниот објект на Македонска пошта настрада во пожар, и јас заедно со министерот за култура со поддршка на европската делегација формиравме работно тело кое работи интензивно на стане мултимедијален музејски центар. Планот на претходното раководство било да го издаде за ресторан со кабаре – изјави Николовски.

Објектот изграден за да го симболизира подигнувањето и реконструкцијата на градот Скопје по силниот земјотрес што целосно го разурна во 1963 година, по пожарот во 2013 година сега е руиниран и веќе една деценија е симбол на системската негрижа за државниот имот и културното наследство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk