Home » Николоски: Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада

Николоски: Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада

by Журнал.мк

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

На средбата присуствуваше и дел од тимот на директорот на Бирото за јавна безбедност, кои работат на предмети од областа на организираниот криминал и корупцијата.

На средбата се разговараше за информациите објавени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија, а во однос на направената ревизија за реализација на капиталните инвестиции во ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура како можни индиции за неодговорно трошење на буџетски средства.

„На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамките на ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура. Овие индиции произлегоа од извештајот за реализација на капиталните инвестиции на Државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамките на Министерството за транспорт и институциите што се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и целиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите“, истакна министерот Николоски по средбата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More