– Денеска пристигнав во Венеција, за кратко потоа да дознаам дека мојата прекрасна, храбра мајка, Џенел Ен Кидман, штотуку починала, на 83-годишна возраст. Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, таа ме обликуваше, ме водеше и ме научи. Исклучително сум благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас, судирот на животот и уметноста е срцепарателен, а моето срце е скршено – изјавила Никол.
Во интервју за подкастот „Свеж воздух“ во јануари 2022 година, Никол накратко зборуваше за здравствените проблеми на нејзината мајка.
– Мајка ми ме научи на уметност, таа е смирувачки мелем. Јас сум на место каде што имам можност да го видам светот, бидејќи сме блиски, мајка ми ми дава можност да го видам светот низ очите на 81-годишна жена. Свесна е, не ги изгубила когнитивните способности и меморијата, многу е директна и искрена, па имам увид во нејзината перспектива. Учам од неа.