Актерката Камерон Диаз е една од оние жени којашто својот живот го живее следејќи ја паролата: Кој не се грижи за себеси не се грижи ниту за другите“. Таа веќе стапна во шестата деценија од својот живот но и покрај годините таа изгледа прекрасно.
Диаз повеќе пати зборуваше за нејзината „бјути“ рутина којашто ѝ помага кожата да ја одржува убава како и да ја спречи појавата на брчки и сето она од што се плашат жените. Таа исто така зборуваше околу тоа како се негува и храни, во една прилика таа откри дека откако наполнила триесет години, станала свесна за важноста на рамнотежената исхрана како и дека оттогаш се храни многу поздраво од порано.
„Најголемиот дел од тоа што го јадам, јас самата го приготвувам. Сакам да готвам и уживам во купувањето намирници, бидејќи нема добра исхрана без труд. Најлесно е да се јаде надвор од дома“, изјави актерката.
Што се однесува на нејзината дневна рутина, таа вели дека ѝ се потребни два обилни појадоци. „Штом се разбудам, задолжително морам нешто да изедам. Тоа најчесто е омлет, или јајце на око на тост. Често јадам и авокадо, јаболко со путер од бадеми и овесна каша, а понекогаш јадам и пилешко за појадок“, вели Диаз.
Сето ова ѝ дава енергија којашто и е потребна за почетокот на денот којшто подразбира тренинг, кој помага да остане во топ форма. Во текот на утринските часови, Камерон најмногу ужива во пилатесот, аеробикот и тренинзите со тегови. Таа прави комбинација од одмор и тренинзи со висок интензитет. Камерон оди 30 секунди, потоа трча 60 минути и така во круг околу 20 минути, а најмногу прави „squats“ и крева тегови.
Кога ќе заврши со вежбањето таа си подготвува појадок, бидејќи и е важно на својот организам да му даде тоа што му е потребно за да изгради мускули, а тоа се протеините. Вториот нејзин појадок најчесто се состои од пилешко месо, житарки и печен зеленчук.
„За вечера во текот на неделата, најмногу сакам да варам домашна супа од месо и зеленчук. Ставам сè што ќе најдам во фрижидерот“, вели Камерон.
Што се однесува на грицкањето помеѓу оброците, Камерон вели дека тоа никогаш не го прави, бидејќи нејзиниот главен оброк е толку обилен така што нема потреба да јаде нешто по него. Нејзината филозофија на животната хармонија се темели на четири меѓусебно поврзани ставки. „Тоа се исхраната, добриот сон, физичката активност, којашто не е подразбира само одење во теретана, туку и секојдневно движење. Во текот на шетањето најдобро го исфрламе стресот“, раскажа Камерон.
За Камерон најважно е да се направи баланс помеѓу физичкото и духовното. „Најмногу ме опуштаат вечерите или скарата со пријателите. Тогаш јадам и по нешто нездраво и високо калорично, како што е бифтекот, но тоа не е важно. Од време на време човекот треба да се опушти и да си дозволи нешто да направи по своја волја, особено во друштво на пријателите“, вели Камерон.
Актерката мирот го пронаоѓа во медитацијата којашто ја практикува еднаш дневно, и тврди дека само дваесет минутната медитација ѝ ја дава потребната енергија.
Што се однесува до подготовката на храната, Диаз вели дека во јадењата ги става сите свои омилени зачини како што е лукот, лимонот, маслиновото масло, солта и ориганото. Овие зачини ги сакам бидејќи можат да се стават во речиси сите јадења а при тоа да не го расипат гастрономското уживање, и додава дека нејзиното омилено јадење се јагнешките котлети. „Едноставни се за подготовка. Магијата е во количината на зачини и колку долго месото стои во маринадата. Потоа ги печам на скара за сочно да се карамелизираат“, рааскажува Камерон.
Еден ден неделно, најчесто неделата навечер, ја посветува на средувањето на фрижидерот и полиците со месо, овошје и зеленчук, и во недела навечер нејзиниот фрижидер мора да биде полн со намирници.
„Го следам правилото 80/20, што значи дека 80% од храната којашто ја јадам мора да биде здрава и хранлива, а 20% мрсна, блага или солена храна“, вели актерката.
Во нејзината книга во којашто зборува за здравата исхрана, убавината и вежбањето, таа сподели и свои совети, а еден од нив ги изненади многумина.
„Буквално последната работа на којашто мислам во текот на денот или можеби ниеднаш во денот е тоа како изгледам. Не правам ништо по тоа прашање и никогаш не го мијам лицето наутро“ додава Камерон.
Камерон има одиграно голем број на маестрални улоги во филмовите, а публиката ја сака поради нејзиниот шарм и смислата за хумор. Во јавноста таа честопати се појавува без шминка не грижејќи се за коментарите на јавноста, и се спротивставува на денешниот тренд дека жената секогаш треба да изгледа што помладо.