Home » „НИ УМРЕ ВО РАЦЕ, НЕ НЀ СФАТИЈА СЕРИОЗНО“ Родителите на починатото дете од Кавадарци бараат одговорност

„НИ УМРЕ ВО РАЦЕ, НЕ НЀ СФАТИЈА СЕРИОЗНО“ Родителите на починатото дете од Кавадарци бараат одговорност

by Lina Muslija

По смртта на тригодишно дете од Кавадарци, кое вчера наутро почина на пат кон скопските клиники, родителите побараа итна истрага за, како што велат, можно несоодветно постапување на медицинскиот персонал.

– Ги повикуваме надлежните институции да испитаат дали имало лекарска грешка. Нашето синче ни почина во раце, а се сомневаме дека нашата ситуација не беше сфатена доволно сериозно – изјави таткото Тони Стојанов за МИА.

Според неговото сведоштво, во понеделникот рано наутро, околу 2:40 часот, сопругата го разбудила со зборовите дека нивниот син не се чувствува добро. Веднаш побарале помош во Општата болница во Кавадарци, но велат дека интервенцијата била недоволна, па детето било пренесено кон Скопје.

– Бараме да се формира комисија што ќе ги утврди точните околности за смртта на нашето дете – рече тој.

Според информациите на полицијата, мајката на детето Т.Ѓ.С. (36) изјавила дека околу 3:00 часот побарале помош во Кавадарци, по што биле упатени кон Скопје. Смртта била констатирана во 8:45 часот на Клиниката за детски болести во рамки на комплексот „Мајка Тереза“.

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.

– Да, секако ќе се организираме утре за надзор – вака попладнево одговорија од Државен санитарен и здравствен инспекторат за МИА, во врска со смртта на тригодишно детенце од Кавадарци, чии родители во изјава за МИА рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk