Home » Ни траг, ни глас од жената од Јурумлери: Немала здравствени проблеми, последно видена на автобуска

Ни траг, ни глас од жената од Јурумлери: Немала здравствени проблеми, последно видена на автобуска

by Журнал.мк

И по неколку часа од јавниот апел, се уште ја нема 43-годишната жена од Јурумлери за која семејството посочува дека последно била видена на снимки од бензиска станица како стои на автобуска. „Скопје1“ исконтактира со член на семејството кој го објави апелот, но посочува: Нови детали нема. Во дел од медиумските објави, се посочува дека снимките кои биле прегледани од семејството, им оставиле впечаток дека жената била вознемирена.

Според неофицијалните информации, објавени од „Лидер“ кои се повикуваат на членод семејството, тој рекол: „Од снимките се гледа како таа излегува од дома, како да се обидува да избега од нешто“.

Станува збор за жена која немала здравствени проблеми, ниту пак конфликти, тврди нејзиното семејство. Засега не е потврдено дали таа се качила во автобус и заминала, како и ако се качила, во кој автобус односно линија. Куќата ја напуштила во 05:10 часот утринава, без на никого да каже било што.

Семејството посочува дека Л.Т. носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив или полицијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk