Home » NFC технологијата значајно подобрена: досегот зголемен четири пати и не е потребно прецизно насочување

NFC технологијата значајно подобрена: досегот зголемен четири пати и не е потребно прецизно насочување

by Lina Muslija
Новата верзија на стандардот NFC Release 15 овозможува постабилно поврзување и поголема практичност благодарение на зголемениот досег

NFC Forum го претстави новиот технички стандард NFC Release 15, чие главно подобрување е зголемување на максималниот доsет на детекција меѓу уредите од досегашните 0,5 см на дури 2 см, што претставува четирикратно зголемување. Ова унапредување не само што ја подобрува стабилноста на врската меѓу NFC уредите, туку во голема мера го поедноставува и самото користење.

NFC (Near Field Communication) е технологија за безжична комуникација на многу мали растојанија, која често се користи за бесконтактно плаќање преку Apple Pay и Google Pay, како и за споделување фајлови меѓу уреди кои поддржуваат NFC функционалност.

 

Новата верзија Release 15 носи клучни подобрувања во делот на „корисен работен домет“, што значи дека корисниците на паметни телефони, часовници и паметни прстени отсега ќе можат да користат NFC без потреба од прецизно насочување на уредот кон сензорот. Поврзувањето ќе биде побрзо, постабилно и без фрустрации, што дополнително го подобрува корисничкото искуство со бесконтактните функции.

Покрај подобрувањата во дометот, Release 15 исто така ја проширува поддршката за стандардите за т.н. дигитални пасоши на производи (Digital Product Passport – DPP), што претставува еден од клучните правци на развој на NFC Forum во последните години, со цел поголема транспарентност, следливост и управување со производите.

Иако првите уреди со поддршка за NFC Release 15 ќе почнат постепено да пристигнуваат на пазарот, овој чекор претставува темел за сигурен развој на комуникацијата на мали растојанија и отвора врата за нови практични примени во иднина

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk