На иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска приватна лабораторија земала мостри од Крива Река, со цел да се утврди каква е состојбата на водата по вчерашното истекување на јаловина од рудникот Тораница.
– Да видиме кој манипулира со граѓаните на Крива Паланка!
Кој и какви интереси штити? Дали пратеникот е избран од граѓаните за да ги застапува нивните интереси или, пак, за да штити бизнис кој директно им наштетува на градот и граѓаните?
Денес, на моја иницијатива, е ангажирана приватна и независна лабораторија за земање мостри од Крива Река, со цел да ги докажеме штетите и последиците од вчерашната хаварија!