Повеќето луѓе знаат која храна треба да ја избегнуваат за поздраво срце, но важно е да се обрне внимание на намирниците кои негативно влијат на мозокот.
Научно е докажано дека исхраната може да влијае на здравјето на мозокот.
– Мозокот сочинува околу 2 отсто од нашата телесна тежина, но троши околу 20 отсто од сите наши калории. Мозокот користи повеќе калории од кој било друг орган во нашето тело, така што она што го јадеме може да има големо влијание врз нашиот мозок – рекла експертката за развој, функционална неврологија и аутизам, д-р Роберта Мелило, за „Хафингтон пост“.
Иако научниците сè уште не знаат што предизвикува Алцхајмерова болест, еден вид деменција, многумина мислат дека исхраната може да игра улога.
Редовното консумирање храна која не е добра за здравјето на мозокот може да има негативни последици врз телото и мозокот.
– Нездравата исхрана може негативно да влијае на цревната микробиома, да доведе до воспаление и потенцијално да влијае на мозокот. Дебелите луѓе – од кои повеќето имаат нездрав цревен микробиом – се изложени на значителен ризик да развијат Алцхајмерова деменција – вели неврохирургот д-р Брет Озборн.
Значи, која храна е најкорисна за здравјето на мозокот? Експертите открија неколку одлични опции за кои тврдат дека можат да помогнат да се спречи развојот на деменција.
Авокадо
Авокадото содржи здрави мононезаситени масти, а д-р Бредесен објаснува: „Овие масти помагаат во намалувањето на васкуларните болести и обезбедуваат одлична енергија за мозокот без проблеми поврзани со едноставни јаглехидрати или заситени масти“.
Брокула
Без разлика дали сакаме брокула на пареа, во вок или како зеленчук за додавање во нашите смути, можеби ќе сакаме да најдеме повеќе начини да уживаме во овој зеленчук.
– Брокулата е зеленчук кој содржи соединенија како сулфорафан, кои се поврзани со намалување на воспалението и подобрување на здравјето на мозокот – вели д-р Озборн.
Боровинки
Ако сакаме да додаваме боровинки во нашите оброци, нашиот мозок ќе ни се заблагодари. „Боровинките содржат флавоноиди кои се невропротективни и се покажаа како корисни за зголемување на невропластичноста и церебралниот проток на крв“, вели невропсихологот д-р Лин А. Шефер.
Зелен лиснат зеленчук
Познато е дека зелениот лиснат зеленчук е одличен за здравјето на цревата, што ги прави одлични и за здравјето на мозокот. Затоа, лекарите и нутриционистите ги поттикнуваат пациентите да јадат повеќе зелен лиснат зеленчук, бидејќи тие се богати со хранливи материи.
– Зелениот лиснат зеленчук, како што се спанаќот и кељот, е богат со витамини, минерали и антиоксиданти кои се добри за мозокот – рекол д-р Озборн.
Ѓумбир
– Уште една билка што се користи за здравјето на мозокот, во свежа форма и во прав, е ѓумбирот. Се покажа дека ѓумбирот ја подобрува когнитивната функција – заклучил д-р Озборн.