Home » Невреме го погоди Неготино

Невреме го погоди Неготино

by Журнал.мк

Дожд со силен ветер попладнево го погоди Неготино и предизвика штети во градот.

Во старата чаршија има паднато дрво и искршен е инвентар на летниковци на кафулиња, а веќе се започна со расчистување на просторот погоден од невремето.

Граѓани известуваат за искршени гранки и на други локации низ градот, и истовремено апелираат надлежните служби да извршат навремени проверки на дрвата низ градот, односно навремено да ги исечат оние кои се веќе гнили, бидејќи се потенцијална опасност во случај на невреме.

Одреден период, додека траеше невремето, имаше и прекин на електричната енергија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More