ВИП ложите на фудбалските стадиони обично се користат од страна на најблиските луѓе на раководните структури, или поблиските семејства на играчите и тренерите, па токму поради тоа последната слика која доаѓа од Шпанија е навистина несекојдневна.
Навивачите на Мајорка побараа итно решавање на новонастанатата ситуација на стадионот „Сан Моиш“, откако изминативе неколку дена стана вирално едно видео од последниот домашен меч.
Мајорка пред неколку дена одигра 2:2 против Барселона и успеа да ги сопре момците на Чави на теренот, но големо внимание привлече и она што се случило во една од ВИП ложите.
Разголена танчарка била задолжена за подигнување на атмосферата за време на двете полувремиња, а бидејќи ова е комплетно несвојствено за еден фудбалски стадион, навивачите на Мајорка јавно побараа реакција од клубот.
Останатите фанови почнаа да се шегуваат дека стадионот на Мајорка изгледал како бордел на средбата со Барса, па со оглед јавниот притисок кој се активираше, тешко дека повторно ќе се види ваква ситуација во скоро време.
https://x.com/UltrasAccountOF/status/1707372103735947605?s=20
https://x.com/the230fence/status/1707411552670798281?s=20