Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа.
Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово, а оттогаш следат и многуте коментари.
„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“ — еден од насловите во бугарските медиуми, кој го одразува изненадувањето поради ваквиот исход. Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа.
Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, но изборот паднал на Шекеринска. Сепак, доминантна е темата за тоа како кандидатот од Северна Македонија доби предност пред Марија Габриел, која важи за една од најпознатите политички фигури во Бугарија.
Одлуката на Руте е објавена утрово, а се истакнува дека Шекеринска, како поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана, ја извршувала функцијата токму во периодот на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. На оваа позиција таа го заменува вршителот на должност, Марк Руге, кој ја презеде функцијата оваа есен, по најавата дека Мирчеа Јоана ќе се кандидира за претседател на Романија.
АГЕЛЕР ИМ ЧЕСТИТА НА МИЦКОСКИ И НА ВЛАДАТА ЗА ПОДДРШКАТА НА КАНДИДАТУРАТА НА ШЕКЕРИНСКА Моќен доказ за нејзината стручност и искуство, вели амбасадорката
Реакциите од Бугарија го рефлектираат незадоволството и изненадувањето поради фактот што нејзиниот кандидат не доби поддршка, додека Шеќеринска се истакнува како новиот македонски претставник во врвот на НАТО.