Како што покажува видеото, возењето со неприлагодена брзина лесно може да предизвика губење контрола над возилото, а ако на автомобилот му се најде на патот бандера, редовно се зборува за сообраќајни несреќи со смртни исходи. Но, не и во овој случај кога учесниците во несреќата имале неверојатна среќа.
На видеото се гледа малиот Lotus Exige чиј возач во еден момент ја губи контролата над возилото. Лотус тргнува настрана и удира во бандера која што буквално го преполови. Не само што преживеаја, туку и го грабнаа телефонот веднаш по несреќата, најверојатно не за да направат селфи.
Верувале или не, возачот и совозачот од оваа несреќа што се случила во Хонг Конг излегле само со полесни повреди. Како што дознава TheSunDaily, 42-годишниот возач и 28-годишниот совозач се пожалиле на болки во градите и вратот, но генерално се чувствуваат добро.