Home » Неуспешен огласот за ангажирање на двајца експерти како поддршка на Комисијата за надзор и следење на комуникациите

Неуспешен огласот за ангажирање на двајца експерти како поддршка на Комисијата за надзор и следење на комуникациите

by Журнал.мк

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница без расправа го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година.

Членовите на Комисијата го усвоија и Упатството за постапката за вршење на надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите согласно своите надлежности ќе изврши и надзор на мерките за следење над комуникациите што се спроведуваат од Оперативно-техничката агенција ОТА. Надзорот ќе се изврши во работните простории на ОТА.

На денешната седница се одржа и административна проверка на пријавите од Јавниот повик за ангажирање на двајцата технички експерти за постојана поддршка на Комисијата. Претседателот на Комисијата Миле Талевски нагласи дека по извршената проверка од страна на собраниската служба било заклучено дека единствениот кандидат што поднел документи на јавниот повик не ги исполнува условите со што јавниот повик беше потврден како неуспешен.

– Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати беше 14 дена од денот на објавување на повикот. Согласно постапката која ја утврдивме на првата седница како прв чекор е административна проверка на доставените документи. Во предвидениот рок до Комисијата доставено е само една пријава со документи од кандидат и по прегледот извршен од страна на собраниската служба се заклучува дека кандидатот кој ги доставил потребните документи не ги исполнува условите за да може да биде ангажиран по однос на овој оглас, рече Талевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk