Home » Netflix најави голема промена на ТВ интерфејсот, донесувајќи четири главни новитети

Netflix најави голема промена на ТВ интерфејсот, донесувајќи четири главни новитети

by Lina Muslija
Новата верзија на Netflix апликацијата за ТВ донесува поедноставен дизајн, попаметни препораки и поистакнати информации за содржината, а ќе биде воведена постепено низ целиот свет во наредните недели и месеци.

Netflix најави значајно надградување на својот ТВ интерфејс, тврдејќи дека донесува помодерен, појасен и поинтуитивен изглед кој треба да им ја олесни на корисниците потрагата и изборот на содржини.

Сепак, и покрај позитивните најави, дел од корисниците на интернет оваа промена ја пречекаа со скепса, имајќи ги предвид честите поскапувања на услугата во последните години. Некои иронично се запрашаа дали ова е подготовка за уште една корекција на цените.

 

Четири клучни новитети во Netflix ТВ интерфејсот:

  1. Поистакнати информации за содржината: Ознаки како „добиен ЕМИ“ или „број 1 на топ листа“ сега се повидливи на насловната страна, за полесно да се препознае што вреди да се гледа.
  2. Преместени кратенки: Наместо од левата страна, опциите како пребарување, серии, филмови и „мојата листа“ сега се поставени на врвот од екранот, што ја олеснува навигацијата.
  3. Попаметни препораки: Алгоритмот за препораки сега дополнително го зема предвид расположението на корисникот и неговите тековни навики, нудејќи персонализирана содржина.
  4. Целосно нов дизајн: Главниот екран доби помодерен и поедноставен изглед, со појасни икони и почист распоред на елементите.

Netflix најави и тестирање на нови функции за iOS корисниците, вклучувајќи:

  • Вертикални кратки видео-препораки слични на TikTok, кои брзо се прелистуваат.
  • Пребарување базирано на вештачка интелигенција, кое ќе овозможи напредно и поприродно пронаоѓање содржина.

Новите функции на телевизорите и мобилните уреди се дел од поширока стратегија на Netflix за задржување на конкурентската предност, но имајќи ги предвид честите корекции на цените, корисниците остануваат претпазливи и со доза на иронија ги пречекуваат секоја поголема промена.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk