Доколку предлозите направени од алгоритамот на Netflix во минатото не ви се допаѓаа досега, компанијата планира големи промени во идниина..
Во моментот Netflix тестира нова функција за iOS уредите наречена Collections. Содржините се собирани и прегледувани од експертите на компанијата кои потоа ги сместуваат во категории според жанрот и ликовите. Дел од различните категории се “Темни и мистериозни TV серии,” “Филмови со награди,” “Лесни комедии,” “Netflix победници” и “Жени кои доминираат на екранот.”

iOS корисниците кои ќе бидат одбрани да ја тестираат бета верзијата ќе може да најдат функцијата во горниот десен агол под Collections. Тука, овие корисници ќе најдат различни филмови и серии кои ќе им бидат предложени според нивната гледачка историја.
Со понудата на Collections, Netflix се надева дека ќе им понуди на своите корисници листа на предлози кои ќе ги задоволат нивните потреби и ќе бидат по нивен вкус./gsm.mk