Home » Netflix објави официјален трејлер за акционата фантазија Troll

Netflix објави официјален трејлер за акционата фантазија Troll

by Журнал.мк

Новиот филм со тематика од нордиската митологија е норвешка изработка и на норвешки јазик.

Длабоко во планините Довре во Норвешка експлозија ќе разбуди нешто огромно по илјада години заробеништво. Уништувајќи сѐ што ќе му се најде на патот, суштеството брзо се наближува до норвешката престолнина Осло. Жителите на градот се борат да спречат да им дојде дома она за што одамна верувале дека постои само во нивната митологија, а градските власти ангажираат еден бестрашен палеонтолог кој треба да го спречи суштеството познато како трол.

Оваа акциона фантазија е дело на режисерот познат по „Tomb Raider“ и „The Wave“ – Роар Утхауг, кој е и коавтор на сценариото заедно со Еспен Аукан. Во главните улоги се Ине Марие Вилман (од „War Sailor“), Ким Фалк и Мадс Сјегор Петерсен.

Филмот ќе биде премиерно прикажан на Netflix платформата на 1 декември.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More