Home » Нетанјаху: Имаме нова воена цел

Нетанјаху: Имаме нова воена цел

by Журнал.мк

Израел најави дека безбедното враќање на населението од северот на земјата во своите домови е нова, четврта цел што сака да ја постигне во војната што ја води со палестинскиот Хамас.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека кабинетот за безбедност ги ажурирал своите официјални цели за актуелниот конфликт на Израел со Хамас во Газа за да вклучи четврта цел – „безбедно враќање на жителите во нивните домови“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Предлогот доаѓа повеќе од единаесет месеци откако десетици илјади Израелци од северот беа раселени од своите домови по нападот на Хамас на 7 октомври, а милитантите на Хезболах од Либан речиси секојдневно почнаа да го напаѓаат северен Израел.

Израел се повеќе се заканува дека ќе започне голема операција за туркање на Хезболах од границата, а промената на воените цели доаѓа во време кога американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн е во Израел во обид да постигне дипломатско решение и да избегне понатамошна ескалација.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk