Home » Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија

Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија

by Журнал.мк

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи вечерва соопшти дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Претходно УХМР соопшти дека во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи.

До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More