По се она што се случуваше по мечот од Суперлигата во Србија меѓу Војводина и Раднички Крагуевац, кога тренерот на домашниот тим тргна да се тепа со својот колега од гостинскиот тим, Феѓа Дудиќ, денеска дојде и извинување.
Контроверзниот Ненад Лалатовиќ, откако сфати што направил, и сфати дека сите се против него, денеска јавно се извини:
“Неразбирливо. Моја грешка, се извинувам. Испаднав сељак, се срамам од себе што поради таа моја глава по којзнае кој пат испаднав примитивец“!
Инаку Лалатовиќ е познат по “краткиот фитиљ“ што се вели. Тој не така често влегува во конфликт со судии, со свои и противнички играчи, со фановите на трибините, но овојпат навистина претера.