Home » Неправилности во градинка во Струга

Неправилности во градинка во Струга

by Журнал

Детската градинка 8 Март во Струга незаконски ангажирала воспитувачки и негувателки со договор на дело. Ова го утврдил вонредниот инспекциски надзор на Државниот трудов инспекторат на 6 февруари. Контролата следувала откако Алсат објави дека таму 21 негувателка и воспитувачка со години работат со договор на дело без здравствено и пензиско осигурување, за плата од само 10.000 денари.

„Пропишаните договори на дело се спротивни на член 252 од Законот за работни односи. На друштвото ќе му се издаде решение со инспекциска мерка опомена да престане работно да ангажира лица спротивно на закон и во наредниот период да спроведе постапка со кое лицата ќе се вработуваат согласно законските одредби од Законот за вработени во јавниот сектор“, рече Весна Томовска директор на Државен трудов инспекторат.

Законот за работни односи во член 252 пропишува дека може да се склучуваат договори на дело, но кои се надвор од дејноста на работодавачот.

Од синдикатот на градинката веќе побараа да има решение за сите нивни колешки.

„Апелираме до општината и до надлежните министерства брзо да се реши проблемот бидејќи навистина има потреба од решавање на работниот статус на времено вработените колешки. Имаме многу деца, големи групи и без доволен кадар. Градинката не може да функционира во иднина. Дозволиво ли е за 10.000 денари некој да доаѓа на работа и да се грижи за децата? Не е дозволиво, тоа не е решение, но во нашата општина години наназад е така. Без тој кадар ние не може да работиме во иднина“, рече Милка Долинска-претседател на синдикат.

Но и покрај ваквата состојба, од Министерството за труд и социјала за Алсат информираа дека имаат пари за само седум вработувања. Другите ќе чекаат и ќе добијат нешто повисок хонорар, односно 15.000 денари месечно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk