Home » Неопходен е дијалог меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата, Агелер се сретна со Митрески

Неопходен е дијалог меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата, Агелер се сретна со Митрески

by Журнал

Неопходен е парламентарен дијалог меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата, тоа е клучно за ефикасна работа на Собранието, порачаа на денешната средба претседателот на Собранието Јован Митрески и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Прајс Агелер.

Според Агелер, независно што во овој предизборен период функционира техничка Влада, во интерес на граѓаните е институциите да бидат ефикасни. Следува исклучително важен период за државата, поради што, напомена амбасадорката, многу е важно процесите да се одвиваат во согласност со предвидената динамика и постапка.

Претседателот Митрески истакна дека во наредниот период Собранието ќе работи интензивно, негова обврска е да ги процесуира предлозите што доаѓаат до Собранието, независно дали како предлагач е Владата или група пратеници. Тој нагласи дека прв пат после 16 години се одржуваат редовни парламентарни избори, што значи дека Собранието ќе работи до почетокот на изборната кампања за претседателските избори, односно до почетокот на април. Тоа остава, како што рече, доволно простор да заврши постапката за повеќе важни законски решенија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници на средбата се осврнаа на приоритетите на Собранието во периодот што следува, односно до почетокот на изборната кампања.

Амбасадорката Агелер му честиташе на претседателот Митрески за изборот на новата позиција и му посака успешно извршување на функцијата. Таа нагласи дека Република Северна Македонија во САД секогаш ќе има пријател и голем поддржувач.

Претседателот Митрески се заблагодари за континуираната поддршка што САД и ја дава на нашата земја како во однос на реформските процеси, така и во однос на нашиот евроинтеграциски пат кон полноправно членство во Европската Унија. Тој нагласи дека македонските граѓани особено го ценат стратешкото партнерство со САД, кое претставува столб за силната билатерална соработка меѓу двете држави.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk