Ненадејно почина младиор српски тапанар Бобан Живановиќ, а од него се простија музичарите од српската естрада.
Покојниот Бобан соработувал со многу поп пејачи. Тамара Милутиновиќ, Милан Динчиќ Динча се само дел од имињата со кои настапувал.
Тој извесен период свиреше во бендот на Тамара Милутиновиќ, а таа се прости од него со емотивна порака.
-Нашата последна заедничка свирка… Имајте безбедно патување, пријателе. Почивај во мир. Ќе ни недостасуваш – напиша Тамара Милутиновиќ на Инстаграм.