Home » Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

by Журнал.мк

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани, и доктор Лилјана Јованоска, кои на пациентката Јилидиз Веапоска од Дебар при породување ѝ извадија матка, јајчник и бубрег. Имаше вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матката, јајчникот и бубрегот по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле млад живот.

Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од Судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.

„Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и речиси е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствата што ги презеле, односно што не ги презеле. Верувам дека и судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија“, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Оштетената Веапоска, пак, прашѓува како лекарите во болницата во Струга ѝ го спасиле животот кога во кома била пренесена на скопските клиники, каде што подлежела на нов хирушки зафат.

„Вештакот појаснува дека обвинетите доктори ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме направиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија на скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа не знам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што ми го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и на докторот Скендер Саиди. Овие доктори овде не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца“, изјави Веапоска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More