Home » Нема траг од неготинецот Панов кој исчезна пред повеќе од една година

Нема траг од неготинецот Панов кој исчезна пред повеќе од една година

by Журнал

Повеќе од една година нема траг од неготинецот Коце Панов (80), кој на 27-ми ноември 2022 година излегол од дома и повеќе не се вратил.

Исчезнувањето во полиција го пријавил неговиот син истиот ден, околу 13 часот, за ,,Фокус” појаснуваат од СВР Велес.
Настанот е актуелна тема во градот која го вознемири населението, бидејќи секогаш во минатото кога се случувало некое лице да исчезне, истото било пронајдено за кратко време.

Од СВР Велес додаваат дека во врска со случајот, биле преземени повеќе активности, а лицето уште се води како исчезнато.

-На 27.11.2022 во 13.15 часот во ОВР Неготино, Ѓ.П. од Неготино пријавил дека истиот ден од домот во Неготино се оддалечил неговиот татко К.П. (80). По барање на ОВР Неготино, а по Наредба на ОЈО Кавадарци на 03.03.2023 е извршено полиграфско тестирање врз Ѓ.П., по што по насоки на јавен обвинител е задржан во ОВР Неготино, а на 04.03.2023, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето Ѓ.П..

К.П. од 27.11.2022 до денеска се води како исчезнато лице, а за превземените мерки и активности е известено ОЈО Кавадарци- информираат од СВР Велес.

Истакнуваат дека се неточни информациите кои се проширија во градот, дека маж од Неготино наводно во полициската станица признал дека го убил старецот, а потоа го негирал делото, по што бил пуштен.

Веста за исчезнувањето на Панов кон крајот на ноември 2022 година најпрвин се објави на социјалните мрежи, кога негови блиски луѓе започнаа да објавуваат негова фотографија со апел за помош во негово пронаоѓање, а потоа и од СВР Велес потврдија дека лицето е пријавено за исчезнато.

Освен овој, други нерасчистени случаи со исчезнати лица во општината нема.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More