Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, јавуваат локалните медиуми. Веста ја потврди и градското собрание на Валињос. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека се чини дека сите патници и членови на екипажот загинале.
Авиокомпанијата VoePass преку соопштение потврди дека авионот кој се движел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП.
Бразилската телевизиска мрежа GloboNews прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од очигледен труп во станбена населба полна со куќи.
Авион од типот „АТР-72“ на авиокомпанијата „Воепас лињас ареас“ летал од Каскавел во сојузната држава Парана кон Гваруљош во Сао Пауло.