Home » „Нема повеќе хартиени фактури“: Се подготвува проектот е-фактура

„Нема повеќе хартиени фактури“: Се подготвува проектот е-фактура

by Журнал.мк

Во Управата за јавни приходи се прават интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура.

„Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури.

На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-фактура.

ИТ компаниите ја препознаваат е-фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите.

Изјавија: – “Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители”. Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето и сл.“ стои во соопштението на УЈП.

Системот е-Фактура Управата за јавни приходи планира да го развива и тестира во 2025 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More