Нема ниту позитивни, ниту сомнителни случаи на Мајмунски сипаници. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје спровеле епидемиолошка анкета на сите кои биле посочени како контактни од двајцата пациенти со мајмунски сипаници.
-Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување. Позитивните лица се во добра состојба.Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи, велат од ИЈЗ.
Вчера на веб страницата на ИЈЗ беа објавени препораки, а дополнително, ИЈЗ изработи и краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителни лица.